Услови за членство

Во основниот регрутационен прашалник ќе Ви поставиме прашања за Вашите навики, како и за навиките на Вашето домаќинство. Врз основа на тие прашања понатаму на пример, нема да Ви испратиме прашалник во врска со храна за кучиња, доколку немате куче во Вашето домаќинство.

• Член на Ипсос Адриа on line панелот можете да станете со регистрација на следниот линк www.ipsos.mk.

• Секој член може да има само едена корисничка сметка.

• Членството во on line панелот, не го обврзува членот да учествува во on line истражувањата. Секој член сам одлучува дали сака да земе учество.

• За новостите на Ипсос Адриа on line панелот членовите ќе бидат известувани по пат на e-mail.

Секој член сноси одговорност за заштита на своето корисничко име и лозинка.

Членот е одговорен за користење на своето корисничко име и лозинка кон Ипсос Адриа, исто така и кон трети лица.

Доколку одреден член има сознанија дека трето лице го користи неговото корисничко име и лозинка, истиот мора веднаш да испрати известување до Ипсос Адриа.

Во случај да трето лице Ви го побара вашето корисничко име и лозинка, членот се обврзува да го одбие таквото барање и за тоа веднаш да испрати известување до Ипсос Адриа.

Членот се обврзува, после користењето на страницата на Ипсос Адриа on line панелот од истата обавезно да се одјави (logout), бидејќи постои опасност од злоупотреба на корисничката сметка на членот од страна на лица кои го користат истиот компјутер.

Во случај на било какви прашања, контактирајте не на следнава e-mail адреса istrazuvanje@ipsos.mk, а ние ќе Ви одговориме во најкраток можен рок.

Членство

Членот на Ипсос Адриа on line панелот може во секој момент да пристапи до својот профил преку своето корисничко име и лозинка и доколку има потреба да ги дополни или промени личните податоци.

Секој член може да го прекине своето членство со испраќање на порака ОДЈАВА на следната e-mail адреса istrazuvanje@ipsos.mk

Членот се обврзува навремено да ги ажурира податоците на својот профил, за да може Ипсос Адриа да го повикува членот на учество во истражувањата кои ги спроведува. Ова првенствено се однесува на податоците за контакт.

Обврски на членовите на панелот

Како член на Ипсос Адриа on line панелот, мора да ги исполнувате следниве услови:

• Да сте согласни со приложените услови на работа.

• Да сте физичко лице постаро од 14 години, која понудената услуга не ја користи во деловни цели.

• Не смеете да давате неточни податоци за себе, кои се потребни при регистрацијата за доброволно учествување во истражувањата.

• Можете да се регистрирате само еднаш.

• Не смеете стекнатото членство да го пренесувате на трети лица, освен доколку Ипсос Адриа изречно побара учество од друг член на домаќинството.

Секој член се обврзува дека совесно ќе постапува со своите податоци.

Доколку членот при регистрацијата наведе неточни податоци, истиот се пријави преку повеќе различни e-mail адреси или ако својата лозинка ја проследи на трето лице, Ипсос Адриа го задржува правото за раскинување на членството, правото на исклучување од одредени истражувања како и правото на изземање на резултатите на дотичниот член. Ипсос

Адриа истотака го задржува правото да ги укине сите поени кои до тој момент членот ги собрал, а кои сеуште не се исплатени.

Ипсос Адриа го задржува правото за надокнада на штета и надвор од наведеното.

Избор на испитаник во истражувањата од страна на Ипсос Адриа

Ипсос Адриа го задржува правото на прифаќање на испитаникот после извршената регистрација.

Ипсос Адриа го задржува правото на избор на секој член кој ќе биде повикан за on line истражување.

Доколку се случи да поголем број на членови одговараат на критериумите за одредено истражување, следи случаен примерок.

Истотака може да се побара од членовите учество во истражување во одреден временски период. Повикот за учество во истражување, воедно значи и овластување за пополнување на прашалникот за секој член поединечно.

Не е дозволен пренос на овластувањето на трети лица, освен во случај кога Ипсос Адриа ќе го побара тоа, односно кога е потребно учество на друг член од домаќинството.

Учество во on line истражувања - доверливост

Како член на Ипсос Адриа on line панелот не сте обврзани да учествувате во сите истражуавња. Меѓутоа членот има можност да учествува во одредено on line истражување, ако за истото биде избран како испитаник.

Испитаникот се обврзува дека нема да ги проследува информациите до кои дошол со пополнувањето на on line прашалникот.

Во случај на повреда на овие обврски, Ипсос Адриа го задржува правото веднаш да го исклучи испитаникот од истражувањето или да му забрани учество (да го блокира) на одредено време.

Одговорности на Ипсос Адриа on line панелот

Ипсос Адриа не одговара за технички пречки, доколку се утврди дека истите не се во негова надлежност, како што се штети предизвикани од виша сила или други непредвидени ситуации, како и штети предизвикани од трети лица.

Ипсос Адриа има право да ги прекине своите услуги на неопределено време од интерни причини (на пр. поради одржување), и во тој случај членот нема право да бара надокнада на штета.

Доколку Ипсос Адриа, по налог на трети лица, како што се агенции за истражување на јавното мислење, спроведе истражување и го повика членот да земе усчество во истото, во тој случај Ипсос Адриа не гарантира за содржината на информациите кои ги бара налогодавачот.

Доколку Ипсос Адриа дознае дека истражувањето не е во согласност со законот, веднаш ќе го прекине истражувањето и ќе го отстрани од својата веб страна.

Одговорите на испитаниците собрани со тоа истражување нема да ги земе во предвид, ниту истите ќе ги проследи до клиентот.

Ипсос Адриа не одговара за точноста, потполноста, исправноста, објективноста и актуелноста на содржините и мислењата на интернет страниците до кои може да се дојде преку линкови поставени на страната на Ипсос Адриа.

Доколку настанала штета со користење на овие страници и линкови, одговорност за надокнада на штетата на членот ја сноси исклучиво сопственикот на страната и линкот. Ипсос Адриа веднаш ќе ги отстрани линковите до таквите веб страни, доколку дознае дека не се во согласност со законот.

Забрана за размножување на Ипсос Адриа on line панелот

Прашалниците и нивната содржина кои се испратени до членовите се правно заштитени.

Забрането е размножување, обработка, измена и нивно проследување до трети лица. Прашалниците не смеат да се стваат на располагање или да бидат достапни за јавноста, дури и кога тоа се однесува на делови од прашалникот.

За се од наведеното мора да се добие писмена согласност од Ипсос Адриа. Дозволено е само копирање на податоци кои Ипсос Адриа ги има ставено на располагање на својата интернет страна (не содржината на целото истражување) и тоа исклучиво за приватни, но не и за деловни цели, под услов да е видливо дека се работи за содржини превземени од Ипсос Адриа on line панелот. Ипсос Адриа забранува секаков друг облик на размножување, дистрибуирање или објава на содржини без претходно писмено одобрение кое може да се побара на следнава адреса istrazuvanje@ipsos.mk.

Траење на договорот, прекин на членството и правни последици

Членството во Ипсос Адриа е бесплатно и на неопределено време.

Членството може да се прекине во секој момент со испраќање на порака ОДЈАВА на e-mail адресата istrazuvanje@ipsos.mk без наведување на посебни причини.

Откажувањето на членството станува правосилно штом Ипсос Адриа истото го прими. Следно, Ипсос Адриа го одјавува членот од својата база. Членот повеќе не добива повици за учество во истражувања, а личните податоци кои членот ги внел при регистрацијата се бришат во рок од 60 дена.

Откако членството ќе биде прекинато, поените кои до тој момент членот ги има собрано можат да се искористат во рок од 14 дена, после што истите се поништуваат.

Доколку постои основано сомнение дека членот ги прекршил правилата на работа, Ипсос Адриа може без наведување на причините да ја прекине соработката и тоа по писмен пат, по факс или по електронска пошта.

Во тој случај резултатите од моменталното истражување на дотичниот член нема да бидат земени во предвид. Ипсос Адриа истотака го задржува правото да ги поништи сите поени кои членот ги собрал и кои не се исплатени.

Ако дошло до прекин на членството, повторна регистрација е можна после 2 (два) месеци. Членовите по пат на електонска пошта, благовремено ќе бидат известувани за промена на условите за работа.

Доколку во рок од 14 дена од приемот на електронската пошта, со која Ипсос Адриа го известува членот за промените кои настанале истиот не упати писмен приговор, се смета дека се согласува со измените на условите за работа. Во спротивно изменетите услови за работа стапуваат на сила следниот ден.