Систем на наградување

Систем на наградување

ИПСОС панелот своите членови ги наградува со поени, при што вредноста на еден поен изнесува пет денари.

Во секој момент можете да пристапите до Вашиот кориснички профил следејќи го линкот http://panel.ipsos.mk/login.php

1. Првите поени ги добивате со регистрација на панелот и пополнување на основниот регрутационен прашалник, и притоа добивате 20 поени.

На пример: 100 бода имаат вредност од 500 денари.

2. Понатаму поени добивате за секој пополнет on line прашалник.

 Во зависност од неколку фактори, како што е на пр. должината (времетраењето) на прашалникот се одредува колку поени добивате со пополнување на прашалникот. При секој повик за учество во истражување кој Ви го испраќаме по пат на електронска пошта (e-mail), ќе Ви биде наведено колку поени добивате за пополнување на конкретниот прашалник. По успешно завршено пополнување на прашалникот, Вашите поени ќе бидат депонирени на Вашата корисничка сметка.

Освоените поени во секој момент можете да ги замените за некоја од наградите кои ќе Ви бидат понудени во рамки на Вашиот кориснички профил. Со прифаќањето на поголем број на повици за учество во истражувања и пополнување на поголем број на прашалници, освојувате повеќе поени.

Како можете да ги искористите поените?

Како член на нашиот панел, покрај тоа што ќе бидете меѓу првите кои ќе бидат информирани за новите трендови, постои можност освоените поени да ги искористите на следниов начин:

1. Надополнување на Вашата pre-paid сметка за мобилен телефон.

Минималниот износ кој морате да го имате соберено за да можете да ја одберете оваа опција е 200 поени. Не морате одеднаш да ги искористите сите поени кои ги имате соберено. Ќе го запишете износот кој сакате да Ви го уплатиме како надополнување на pre-paid бројот кој ќе го забележите при пополнување на барањето. Рок на реализација: 2 дена од денот на обработка на барањето.

2. Вредносен ваучер од одредени поголеми маркети/продавници

Минималниот износ кој морате да го имате соберено за да можете да ја одберете оваа опција е 500 поени колку што изнесува и вредносниот ваучерот. Во полето ќе ја запишете целосната адреса, како и името и презимето на лицето на кое ќе гласи поклон ваучерот, кој ќе биде доставен по пошта. Доколку сте освоиле доволен број на поени, можете да порачате повеќе ваучери одеднаш. Рок на реализација: 10 дена од денот на обработка на барањето.

3. Вредносен ваучер за гориво од бензинските пумпи на Макпетрол

Минималниот износ кој морате да го имате соберено за да можете да ја одберете оваа опција е 500 поени колку што изнесува и вредносниот ваучерот. Во полето ќе ја запишете целосната адреса, како и името и презимето на лицето на кое ќе гласи поклон ваучерот, кој ќе биде доставен по пошта. Доколку сте освоиле доволен број на поени, можете да порачате повеќе ваучери одеднаш. Рок на реализација: 10 дена од денот на обработка на барањето.

Обработката на барањата се врши секој вторник, и се обработуваат сите барања испратени до 11 часот на istrazuvanje@ipsos.mk. Сите барања испратени после 11 часот во вторник, ќе бидат процесирани следниот вторник. За секој тип на награда постои рок на реализација.

Поените не можат да застарат и на преостанатите поени кои Ви останале откако сте избрале некоја од наградите, се додаваат поените кои дополнително ги освојувате. Поените не можат да се реализираат пред да земете учество во барем едно наше on line истражување.

Во случај на било какви прашања, контактирајте не на следнава e-mail адреса istrazuvanje@ipsos.mk, а ние ќе Ви одговориме во најкраток можен рок.