Најчесто поставувани прашања

Што е Ипсос Адриа on line панел?

Ипсос Адриа on line панел се состои од неколку илјади луѓе кои го делат своето мислење на различни теми.

Нашите членови со пополнувањето на прашалниците учествуваат во обликување на производи и услуги кои секојдневно ги користиме. Многу панелисти гледаат нови идеи, или тестираат нови производи и услуги пред истите да станат достапни за јавноста.

Доколку станете член на Ипсос Адриа on line панелот, повремено на Вашиот e-mail ќе Ви испаќаме повици за пополнување на прашалници во електронска форма.

Зошто да станам член на Ипсос Адриа on line панелот?

Како член на нашиот панел, покрај тоа што ќе бидете меѓу првите кои ќе бидат информирани за новите трендови, постои можност да:

• Добиете вредносен ваучер од неколку поголеми маркети/продавници.

• Добиете надополнување на Вашата pre-paid сметка за мобилен телефон.

• Добиете вредносен ваучер за гориво од бензинските пумпи Макпетрол .

• Препорачате Ваши пријатели кои би сакале да станат членови на on line панелот.

Колку често учествувам во on line истражувања?

На ова прашање не можеме да Ви дадеме прецизен одговор.

Се зависи од Вашиот пол, години, место на живеење...

Ипсос Адриа ќе ве исконтактира доколку Вашиот профил одговара на зададените критериуми за истражувањето кое го спроведуваме.

На кој начин добивам поени?

Поените ги добивате со пополнувањето на прашалниците за кои Ви испраќаме повик за учество на Вашата e-mail адреса.

Добивате 20 поени при регистрацијата и пополнувањето на основниот регрутационен прашалник.

Бројот на поени кој го добивате зависи од неколку фактори, вклучувајќи ја и должината (времетраењето) на прашалникот.