Заштита на податоци

Заштита на податоци

Ипсос Адриа се обврзува дека личните податоци на своите членови нема да ги проследува до трети лица, и дека нема да ги продава нивните e-mail адреси.

Сите податоци, а посебно личните податоци кои Ипсос Адриа ги добива од своите членови се користат исклучиво за цели на истражувањата и достапни се само на вработените во Ипсос Адриа.

Ипсос Адриа ги користи податоците на своите членови, за да може меѓу членови на панелот да ги одбере оние кои ги задоволуваат критериумите на одредено истражување, како би ги повикале да земат учество во истото или како би испраќале известувања до нив.

Сите податоци кои ги оставил членот при регистрацијата или при ажурирањето на својот профил, се обработуваат строго доверливо и анонимно.

Тоа значи дека се земаат во предвид само резултатите (одговорите на прашалникот) од одредено истражување, но не се откриваат и податоците за членот.

Доколку Ипсос Адриа спроведува истражување по налог на трети лица, тие лица секогаш добиваат анонимни резултати од истражувањето.

Во случај на прекинување на членството, Ипсос Адриа неотповикливо ќе ги избрише сите податоци за тој член во рок од 60 дена.

Согласно со законот за заштита на податоци Ипсос Адриа гарантира дека:

• На своите членови нема да им продава било што, (нема да врши on line продажба на своите членови), ниту пак нема да ги проследи до трети лица податоците на членовите кои овозможуваат нивна идентификација, освен во случаи на добиена изречна согласност од нивна страна.

• Личните одговори на членовите во истражувањата остануваат анонимни и ќе бидат анализирани групно при статистичката обработка на податоците.

• Одбивањето да се даде одговор на поставено прашање во рамките на одредено истражување нема да има последици по членството. Во секој момент, членот може да побара исклучување од Ипсос Адриа on line панелот, при што неговите податоци и податоците за неговото домаќинство ќе бидат избришани од базата на податоци.